ВИДЕО: Џими Картер – најстариот жив претседател во историјата на САД и денешна инспирација на многу генeрации

Од:

Роден и пораснат во државата Џорџија, Џими Картер е американски филантроп и политичар кој остави голем белег врз американската, но и светската политика.

Дипломира на Поморската академија во 1946 година и во своите младински денови се приклучува на Американската морнарица.

По смртта на неговиот татко, тој ја напушта работата и се враќа дома со цел да го превземе фамилијраниот бизнис за одгледување на кикирики.

И покрај тоа што ја наследува татковата фирма поради исплаќање на сите долгови и поделбата на имотот со неговите браќа, тој останува со безначаен капитал.

Сепак, неговиот сон за да го подобри фамилијарниот бизнис ќе стане реалност.

За време на менаџирањето на бизнисот, тој е противник на политичката клима која владеела во периодот на расна сегрегација и имал желба да го поддржи растечкото движење за граѓанските права.

Од 1963 до 1967 година, Картер служи како сенатор на државата Џорџија, а четири години подоцна тој е гувернер на истата држава до 1975 година.

Според претседателските мемоари, Картер важи за тогашен политичар од Џорџија кој ретко бил познат од јавноста надвор неговата држава, но и покрај ниската популарност, тој успева да ја добие номинацијата за претседателската кандидатура во 1976 година.

Како аутсајдер во високата политика, својот најголем успех го бележи со тесната победа против републиканскиот кандидат Џералд Форд.

Неговото претседателствување значително се разликува од неговите претходници, особено во надворешната политика на САД, нагласувајќи ги човековите права како најважен стандард за меѓународните односи.

Од една страна, тој го продолжува процесот на нуклеарно разоружување, но неговата цел била да ја ослабне дипломатската позиција на Советскиот сојуз, посебно во стратешки важниот Блиски Исток.

Иницијатор е на мировните преговори помеѓу Египет и Израел кои ќе резултираат со договор.

Неговото не реизбирање за претседател се должи пред се на појавата на Иранската револуција и исламскиот режим кои силно ќе се спротистват на американската влада и затоа во 1979 година, цената на нафтата енормно ќе биде зголемена, па така тоа негативно ќе влијае врз кревката американска економија и врз угледот и рејтингот на претседателот.

Неговите напори да ја победи високата инфлација нема најдобро да резултираат, во тој период ќе се зголеми невработеноста и американската економија ќе стагнира.

Ваквиот разочарувачки тренд ќе подигне многу граѓани да се противат на неговото владеење, а во 1980 ќе се појават и разни екстремно десничарски движења кои ќе му стојат на патот до реизбор.

Проблемите ќе станат уште потешки кога есента 1979 година од хуманитарни причини ќе дозволи прогонетиот ирански шах да дојде на лекување во САД.

Иранските револуционери на тоа ќе реагираат со окупација на амбасадата и дипломатите на Америка во Техеран.

Со таквиот потег, Картер ќе го охрабри Советскиот сојуз да изврши инвазија на Авганистан.

Тој е единствениот американски претседател кој ја спои политиката со моралот и укажа дека човечкиот живот на секоја индивидуа е подеднакво важен.

Картеровиот углед на миротворец и дипломат ќе ја засени неговата не толку популарна внатрешна политика како американски претседател, поддршката ќе ја добие од целиот свет за борбата против агресијата и враќањето на мирот на планетата.

Тој ќе продолжи да се залага за светски мир и соработка помеѓу народите.

Во 1994 година,  ќе ги убеди Севернокореанците да се откажат од создавање на нуклеарно оружје и во тоа ќе успее, интересно е да се каже и дека тој е единствениот претседател на САД кој ја има посетено Северна Кореја.

Во 2002 година, Картер повторно ќе биде во фокусот поради посетата на Кастро во Куба.

Во тој период, тој ќе биде голем критичар на претседателот Буш и премиерот Блер поради нивните полтики кон Ирак.

Картер е исто така познат и по тоа што тој често ја критикува внатрешната политика на САД (на пример, тој го критикувал во повеќе прилики претседателот Клинтон поради скандалот со корупција во неговата администрација).

Во 2019 година, Картер го надмина Џорџ Х. В. Буш како најдолговечен американски претседател во историјата на САД.

Тој се смета за клучна фигура во добротворната организација Хабитат за човештвото, автор е на 30 книги кои се движат од мемоари до поезија, а неговата последна книга е „Верба“ во која е комплетиран неговиот цел живот како што вели тој, приватен и јавен.

Според многумина, неговиот придонес за светот е позначаен по истекот на претседателскиот мандат отколку за време на претседателствувањето бидејќи само четири години имал можност да ја води Америка.

Од 1984 година, активно работи во неговата огранизација Хабитат која е присутна и во Македонија, а чија примарна цел е да се изгради дом на секој човек на планетата кој нема.

До денес, тој е се уште активен и покрај тешките повреди и туморот на мозокот, американскиот претседател во пензија работи и помага на сиромашните.

Заедно со неговата сопруга Розалин, тие изградиле повеќе од 4000 домови во 40 различни држави ширум светот и поради таа причина Картер е инспирација и мотив за многу генерации сега, но и во иднина.

„Секогаш треба на народот да им се каже вистината, тие не треба да се лажат, луѓето знаат тоа да го вреднуваат“, ќе каже претседателот за идните политичари.

И покрај метастазираниот канцер во неговиот мозок и црн дроб, Картер успеа да го победи и не се откажа од неговите активности за ширење на моралните христијански вредности низ светот и градењето домови на сиромашните.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија