ВИДЕО: Со фолк хитови пред МАНУ се бараше укинување на двојазичноста

Од:

Неколку граѓански организации се собраа попладнево пред споменикот на Крсте Петков Мисирков кај МАНУ за да побараат македонскиот јазик да биде единствен службен.

„Не за двојазичност во Македонија”, „Заев мафија”, „Христијанско братство”, пишуваше на транспарентите кои ги носеа, а бројни беа и оние кои вееја знамиња со “сонцето од Кутлеш”. На звучник се пуштаа македонски народни песни и фолк хитови.

Граѓани зад камерите коментираа дека се разочарани од слабата посетеност на собирот.

Организациите кои го предводат маршот бараат укинување на новиот Закон за јазиците, разгледување на уставноста на Законот пред Уставниот суд и референдум за укинување на Законот за јазиците.

Владимир Чолаковски од „Македонска зора” изјави дека ќе се обидат да соберат потписи за организирање на референдум. Според него, Законот за употреба на јазиците е преагресивен кон македонскиот народ.

Ана Бобинкова Мијаковска од „Преродба” рече дека тие протестирале уште пред Законот за употреба на јазиците да биде донесен.

“Ние не признаваме нелегитимни избори на ‘Северна”, изјави Бобинкова Мијаковска.

Би можело да ве интересира

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

„Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

А1он

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата