НАСА: Драматично намалување на загаденоста во Кина поради коронавирусот

Од:

Драматично намалување на загадувањето е забележано на сателитските слики на Кина, што делумно е резултат на забавувањето на економијата поради Ковид-19, соопшти американската вселенска агенција НАСА.

НАСА објави мапи што покажуваат пад на нивото на азотниот диоксид.

Научниците од НАСА велат дека намалувањето на нивото на азотниот диоксид, гасот што го испуштаат моторни возила и индустриските постројки, е најизразено во близина на центарот на епидемијата – Вухан, но е видливо низ цела Кина.

Според Би-Би-Си, НАСА ги споредила податоците од првите два месеци од минатата година со истиот период оваа година.

Падот на аерозагадувањето се совпаѓа со намалениот сообраќај и деловни активности откако милиони луѓе беа ставени во карантин.

– Ова е првпат да видам така драматичен пад на загадувањето на голема површина поради една специфична причина, рече Феи Лин, истражувач во НАСА, која е експерт за квалитетот на воздухот.

Феи Лин потсети дека сличен пад на азотниот диоксид е забележан за време на економската рецесија во 2008 година, но намалувањето било постепено. Снимките се направени по рекордниот пад на активностите на кинеските фабрики, кои престанаа со работа поради ширењето на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Кина одговори: воведе царини од 84 отсто на стоки од САД

ВИДЕО: Кина никогаш нема да прифати вакво насилничко однесување, реакција на царините од 104 отсто

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трговската војна на Трамп го достигна пикот, во сила се новите царини

ВИДЕО: И холивудските филмови станаа дел од трговската војна меѓу САД и Кина

ВИДЕО: Кина го сподели говорот на Реган против царините од 1987