Ким: Последиците од коронавирусот ќе бидат сериозни доколку вирусот се прошири

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека ќе има „сериозни последици“ доколку коронавирусот се прошири низ земјата и повика на позасилена заштита и спроведување на силни антивируски мерки.

Во текот на средбата на владеачката Работничка партија, Ким ги повика здравствените штабови да го засилат скринингот и тестирањата за да се „спречат сите канали и просторот“ низ кој вирусот може да продре.

„Во случај заразната болест, што веќе неконтролирано се шири, да најде пат до нашата земја, ќе има сериозни последици“, изјави Ким, пренесен од севернокорејските медиуми.

Според оценки на стручњаците, епидемијата од коорнавирус во Северна Кореја може да биде страшна заради недостигот од санитетски материјали и лошата здравствена инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Ким Џонг Ун ја предводеше евакуацијата на 5.000 жители заробени во поплавите

Северна Кореја: Медиумите ја означија ќерката на Ким Џонг-ун како „кадар за највисоките позиции“

(ВИДЕО) Ким Џонг Ун плачејќи ги повика жените да раѓаат повеќе деца за доброто на партијата

Ким Џонг-ун патува за Русија со специјален воз

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска