Во Москва денес, снежната покривка достигна 65 сантиметри, што е апсолутен рекорд за месец април, соопшти денеска хидрометеоролошкиот завод на Москва и на московскиот регион.
Како што пренесе Интерфакс, висината на снежната покривка на референтната метеоролошка станица во Москва, утрово била 65 сантиметри, што е за девет сантиметри повеќе од онаа што е забележана во 1895 и 1942 година.