„Стандард енд Пурс“: Тешка година за банките во Централна и Источна Европа

Од:

Тешка година ги очекува банките од Централна и Источна Европа, додека меѓу најслабите се тие во Унгарија, Словенија, Бугарија и Хрватска, покажува истражувањето објавено вчера на рејтинг агенцијата „Стандард енд Пурс“.

– Банките во регионот најверојатно ќе продолжат да страдаат од високо ниво на лоши заеми и загуби по кредити, мала побарувачка за кредити и намалување на профитот, наведува меѓународната рејтинг агенција во извештајот за банкарскиот сектор во Централна и Источна Европа во 2013 година.

Според кредитниот аналитичар на „Стандард енд Пурс“ Пјер Готие банките во Чешка, Полска и Словачка се очекува да успеат да задржат добра кредитоспособност, додека Словенија, Унгарија, Бугарија и Хрватска се во послаба позиција. Сепак, во однос на овие четири држави тој изрази очекување дека во повеќето случаи позицијата на банките ќе се стабилизира и ќе престане да се влошува во следната година.

Најранливи се унгарските и словенечките банки, каде се очекува зголемување на лошите кредити.

Како една од причините за слабеење на банкарскиот систем „Стандард енд Пурс“ ја посочува нивната поврзаност со западноевропски банки за финансирање на кредити во Централна и Источна Европа во изминатите десет години. Тоа е бизнис модел што треба да се промени во следните две години, бидејќи сметаме дека банкарските системи во Централна и Источна Европа ќе останат ранливи на ситуацијата во еврозоната, се наведува во извештајот.

Би можело да ве интересира

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

A1on

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна

Голем дефект – не работат картичките од сите банки во цела Македонија, но и во странство, вадење пари само на шалтер

Анита Петровска Рајковиќ