Арсенал им приреди големо разочарување на своите навивачи, откако доживеа пораз со 1:2 од Олимпијакос на домашен терен и со тоа се простија од овогодинешното издание на Лигата на Европа уште во 1/16-финалето.
Вкупниот резултат од двата дуели е 2:2, но поради двата погодока што ги реализираше грчкиот тим во Северен Лондон, екипата од Атина продолжува во следната фаза од турнирот.
Гостите го елиминираа заостанувањето во второто полувреме со голот на Папе Сисе во 53-тата минута и иако домашните изедначија во продолжението во 113-тата минута преку Обамејанг, голот на Ел Араби во 119-тата минута го испрати составот од Балканот во следната фаза.