Играчот од средниот ред на Интер, аргентинскиот ас Естебан Камбијасо добро помина кај дисциплинците на Серија А, кои го казнија само со еден меч суспензија за бруталниот фаул над Себастијан Џовинко, кој го направи во финишот на дербито против Јувентус.
Интер заработи казна од 20 илјади евра заради расистичките навреди на неговите фанови, додека Кордоба е казнет со 5000 илјади евра поради начинот на кој протестираше при вториот гол на „Старата дама“.