Солскјер: Не можеме да сметаме на Лигата на Европа за пласман во Лигата на шампионите

Од:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги предупреди своите играчи дека не можат да сметаат на нив да ја освојат Лигата на Европа и со тоа да се квалификуваат во Лигата на шампионите, бидејќи учеството на овие турнири е непредвидливо.

„Црвените ѓаволи“ одиграа 1-1 со Бриж во првиот 1/16-финален натпревар во Лига Европа, а утре е реваншот на „Олд Трафорд“. Со исклучок на вториот по квалитет европски клупски турнир, Јунајтед сепак има шанси да се избори за четврто место во Премиер лигата, од кое заостануваат само три бода заостанување.

Дури и на петтата позиција, што моментно ја има екипата, може да им даде место на „црвените ѓаволи“ во ЛШ, доколку остане казната на Манчестер Сити.

Норвежанецот, кој денес го слави својот 47 роденден, сепак смета дека треба да се размислува натпревар за натпревар.

– Мислам дека треба да размислуваме натпревар за натпревар. Можно е да се квалификуваме во Лигата на шампионите и од двата начина, но никогаш не знаете на турнири што може да се случи. Подобро е да размислуваме натпревар за натпревар и да се обидеме да освоиме што е можно повеќе поени во првенството. Не можете да предвидите ништо на турнирите. Не можеме да сметаме на победа на овој турнир. Постојат доволно добри тимови во Лига Европа, рече Солскјер.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска