Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди регионот Танимбар во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕСМЦ).
Земјотресот бил на длабочина од 49 километри.
Индонезиската агенција за геофизика соопшти дека не постои опасност од цунами.
Засега нема извештаи за штети или жртви.