Дизајнерот Филип Плејн критикуван поради ревија посветена на Коби Брајант

Од:

Германскиот моден дизајнер Филип Плејн се соочи со жестоки критики по својата ревија во чест на Коби Брајант на миланската Модна недела.

Меѓу моделите на колекцијата „Плејн 24“, присутни беа и Оливија Калпо и Џејда Пинкет-Смит, облечени во Сваровски облека инспирирана од дресот со број 24 на Брајант во Лејкерси. На модната писта како реквизити имаше златни хеликоптери.

„Ова е разочарувачки, невкусно и непочит. Филип Плејн му оддаде почест на Коби Брајант, покажувајќи златни хеликоптери и, без вкус ставајќи го неговото име по дресовите. Навистина сум шокиран!”, гласи еден од коментарите на Твитер.

На страницата на Плејн, еден ваков дрес чини 2.070 долари.

Дизајнерот за американските медиуми изјави дека заработката од колекцијата ќе бидат дарени во добротворната Спортска фондација на Мамба и Мамбасита.

– Тажно е да се види кога нешто позитивно и конструктивно може така погрешно да биде протолкувано, од луѓе кои очигледно сакаат да толкуваат погрешно без да имаат причина за тоа. Јас всушност правам нешто за да помогнам и да ја подржам фондацијата. Делата говорат повеќе од зборовите, изјави Плејн.

За хеликоптерите, тој вели дека тие биле дел од сценографијата од претходната негова ревија испланирана во ноември и оти не можел да ги отстрани.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски