Поранешниот играч на Баерн, Лотар Матеус, верува дека германскиот клуб е голем фаворит во осминафиналната пресметка од Лигата на шампионите против Челзи.
„Баерн е јасен фаворит. Ова не е толку силен Челзи од минатото со играчи како Мајкл Балак, Џон Тери, Френк Лампард и Дидие Дрогба. Ова е многу млад тим кој претрпе измени. Затоа, претпоставувам дека Баерн ќе стигне во следната фаза, покажувајќи два одлични натпревари. Во однос на квалитетот, Баерн е значително пред Челзи. Во Премиер лигата, „сините“ го заземаат само четвртото место, со повеќе од 30 бода заостанување зад „Ливерпул“. Повреден е и Нголо Канте. Во принцип, тимот веќе нема брилијантност како во старите времиња“, истакна Матеус.
Челзи ќе биде домаќин на Баерн на 25 февруари со почеток во 21 часот на Стемфорд бриџ.