Две години затвор заработи корисник на социјалната мрежа Твитер во Кувајт, поради навреда насочена кон владетелот на Кувајт.
Ова го соопштија активисти за заштита на човековите права од Кувајт.
Тамошните власти, по избувнувањето на востанието во Арапската пролет, го засилија притисокот врз постовите на социјалните мрежи, кои според нив се навредливи за лидерите.