Почна гласањето на парламентарните избори во Иран

Од:

Почна гласањето на парламентарните избори во Иран каде конзервативците се фаворити.

Конзервативците се сметаат за фаворити во момент на јавно незадоволство од умерениот претседател Хасан Рохани, поттикнато и од економската криза и другите проблеми.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Каменеи ја испочитува традицијата со гласање рано на денот на изборите. Тој повторно ги повика 58-те милиони гласачи во Иран да гласаат во голем број и „што е можно побрзо“ за да се „гарантира националниот интерес“.

Единаесеттиот ирански парламент, по Исламската револуција во 1979 година, ќе започне со работа во контекст на засилени тензии со САД тешката рецесија во која е државата.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел