Упад во податоците на американска агенција одговорна за безбедноста на комуникациите на Белата куќа

Од:

Американска агенција, одговорна за безбедноста на комуникациите во Белата куќа, соопшти дека броевите за социјално осигурување и другите лични информации во нејзината компјутерска мрежа можно е да биле компромитирани. Ова се наведува во писмото испратено до лица чии податоци можеби биле украдени, јавија американски медиуми.

Писмото е датирано од 11 февруари 2020 година. Во него се вели дека помеѓу мај и јули 2019 година можно е биле компромитирани личните податоци „поради упад во базата“ на Агенцијата за заштита на информацискте системи (ДИСА).

Белата куќа се уште не одговорила на барањето за коментар и не се дадени дополнителни детали во писмото. На пример, не се прецизира кој специфичен дел од мрежата на ДИСА е нападнат, ниту податоците за кои други лица биле компромитирани.

Во ДИСА има персонал од 8.000 воени и цивилни лица.

Таа „обезбедува директна телекомуникациска и ИТ поддршка на претседателот, потпретседателот, нивните кабинети и Тајната служба“.

Според сајтот, агенцијата обезбедува и „директна поддршка“ на претседателот на Советот на началниците на американската армија, како и на високи воени претставници на САД.

Во писмото од агенцијата се додава дека нема докази дека се украдени лични податоци. Сепак, со закон се должни да ги известуваат лицата чии лични информации можеби биле погодени од кибер криминал.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски