Федералното обвинителство на Швајцарија го прогласи за виновен претседателот на ПСЖ, Насер ел Келаифи, во рамките на проширената истрага за подмитување во врска со продажбата на ТВ правата од Светското првенство.
Келаифи се товари за поттикнување на поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке, „да стори злоупотреба“ и да и помогне на ТВ мрежата „беИН“, чиј сопственик е катарскиот бизнисмен, да ги добие правата за пренос на мечевите од Купот на конфедерации во 2017 година и на СП 2018.
Истрага почна пред две години, а швајцарските власти заклучија злоупотреба од „беИН“, односно дека Келаифи го подмитувал Валке за ТВ мрежата да добие ексклузивитет за пренос на натпреварите. Обвинувањата за мито, сепак, се отфрлени.
По обвинувањата, Келаифи истакна дека никогаш немало докази против него и дека подготвува контра тужба.
„Ослободен сум од сите обвинувања што се однесуваат на мито. Случајот е отфрлен и никој нема право на жалба. Иако соработував со властите во текот на постапката, од истрагата постојано излегува дезинформации што го нарушуваа мојот углед. Од таа причина поднесов кривична пријава против швајцарските власти“, рече Келаифи.
Интересно во целиот случај е што Швајцарците не го сметаат за мито изнајмувањето на луксузна вила на Сардинија за Валке за период од 18 месеци што Келаифи го чинело 1,8 милиони евра.