Најмногу дожд во Охрид и Лазарополе, во текот на денот врнежите ќе престануваат

Од:

Во изминатите 24 часа најмногу дожд има наврнато во Охрид и Лазарополе – три литри на метар квадратен, како и во Скопје, Куманово, Крива Паланка, Маврово, Крушево и Дојран.

Снег има на планините, но малку. На Попова Шапка – три сантиметри, на Маврови Анови и Крушево два сантиметри и во Лазарополе еден сантиметар.

За денеска синоптичарите најавуваат врнежи од дожд, а на планините од снег, но веќе во попладневните часови врнежите ќе преставуваат и ќе ги има само во јужните делови од државата. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до девет степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски