Промоција и трибина за книгата „Што е архитектура“

Од:

Книгата „Што е архитектура“ од шведските автори Расмус Верн и Јерт Вингорд во издание на книгоиздателството ГАВРОШ, проследена со трибина на истоимената тема ќе се одржи вечер во просториите на Евроспакта куќа во Скопје.

Публикацијата го истражува светот на архитектурата низ 100 прашањa и 100 одговори, а основната идеја за реализација на овој проект е доближување на поапстрактни теми врзани за архитектурата како феномен до обичните читатели, особено до младата публика, и не само до професионалците од фелата.

-Вешто избегнувајќи монотоно симплифицирање на интелектуалната мисла, оваа книга може да поттикне љубопитност кај читателите за продлабочување на интересот околу некои навидум очигледни прашања, чии одговори никогаш не се ниту конечни, ниту едноставни. Имено, авторите му помагаат на читателот да премине од неупатеност до коректна естетска, академска или историска дискусија со тоа што даваат еден сосем кус одговор на прашањето – честопати шеговит, секогаш прониклив – а потоа и уште еден, поопширен и поедукативен одговор, наведува издавачот за книгата

Имено, се наведува, вистинската вредноста на оваа книга се состои токму во прашањата. Што е архитектура, зошто светот е најубав на самрак, дали објектите имаат спомени, дали историјата има иднина, што e камен, која е улогата на политиката во архитектурата се само дел од прашањата што ги поставуваат авторите на оваа книга.

Учесниците на трибината, пак, проф. д-р Анета Поповска, Мартин Пановски и Марта Илиевска, ќе се обидат да одговорат на некои од прашањата во наш локален контекст.

Изданието ШТО Е АРХИТЕКТУРА е прво од едицијата ИГО на издавачката куќа ГАВРОШ. Преведувач на изданието е Саше Тасев.

Би можело да ве интересира

Истражувавме за вас-актуелните трендови во архитектурата?

Предраг Петровиќ

Пендаровски ја врачи годишната награда за најуспешно архитектонско дело во 2021 година

А1он

Архитектот Ѓоко Радовановиќ добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“

Велес неповратно ги губи старите автентични куќи, бисерот на староградската архитектура

Ана Ололовска

Архитектите се правдаат: Шилегов ни кажа дека нема пари за Универзална сала, затоа предложивме да се сруши, иако сметаме дека треба да се зачува

Искра Манојлоска

Новата Летна школа за архитектура зазема алтернативен формат и почнува со меѓународен конкурс

Ана Ололовска