Чулев формирал комисија која ќе одобрува пасоши за итни потреби, ги повика граѓаните да аплицираат

Од:

Граѓаните што имаат итна потреба од пасош треба да поднесат барање за ургенција заедно со барањето за пасош. Комисија од Министерството за внатрешни работи ќе ги разгледува барањата и ќе им излезе во пресрет на сите кај кои ќе биде утврдено дека итно им треба пасош. Предност ќе имаат лицата што мора да патуваат поради здравствени причини.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, денес извести дека на располагање имаат 3.400 пасоши, кои ќе им се издаваат само на ургентните случаи сè до 24 март кога очекуваат да пристигнат 100.000 нови обрасци за пасоши.

„Во отсуство на политичка волја кај Владата, јас на ниво на Министерство за внатрешни работи формирав комисија. Во комисијата имаме вклучено и медицинско лице – доктор и приоритет за решавање на барањата ќе имаат оние лица што имаат ургентни медицински потреби. Ги повикувам граѓаните сите ургентни барања за издавање патни исправи да ги доставуваат до подрачните единици на Министерството за внатрешни работи, одделенијата за управни работи. Комисијата ќе ги разгледа веднаш следниот ден по поднесувањето. За оние граѓани што претходно не аплицирале, а за кои ќе се утврди дека имаат ургентни барања, МВР ќе им излезе во пресрет со тоа што тие ќе аплицираат како по редовна постапка, односно нема да им бидат наплатени дополнителни финансиски средства“, рече министерот Чулев.

Тој уште еднаш повтори дека проблемот го направил неговиот претходник Оливер Спасовски, кој не ги испланирал потребите на граѓаните и не обезбедил доволен број патни исправи. Апелира Владата да најде начин да го пролонгира важењето на истечените пасоши шест месеци од денот кога ќе пристигнат новите патни исправи.

„Владата има модалитети како да го реши овој проблем, отсуствува политичка волја. Пак ја користам оваа пригода да ја повикам Владата во интерес на граѓаните да седнеме и да го решиме проблемот кој е веќе на ниво на државата и е алармантен“, повика Чулев.

Иако МВР размислуваше да забрани поднесување барања во редовна постапка поради недостигот на обрасци, министерот денес рече дека одлучиле системот привремено да стават надвор од употреба. Граѓаните во редовна постапката може да поднесуваат барања и да се сликаат и покрај тоа што новите обрасци се очекуваат на 24 март.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он