Универзитетскиот професор и член на ЛДП, Нано Ружин, во колумна за Утрински весник пишува дека на изборите, политичката битка се водеше меѓу партијата на богаташите на власта – ДПМНЕ и партијата на сиромашните и романтични интелектуалци на опозицијата .Притоа, богаташката партија, како во времето на Луј XVI, таму каде што не можеше со пари настапуваше со многу пари.
„Локалните избори беа политичка битка, за чија регуларност странските набљудувачи констатираа многубројни неправилности, инциденти и заплашувања. Но, колку овие избори беа фер и легитимни е прашање за кое провладините експерти упорно молчат“, пишува Ружин.
Посебна е приказната, вели, со изборите во општината Центар. И покрај евидентната победа на кандидатот на опозицијата, Андреј Жерновски, власта ги употребува сите методи да избоксува да има втор круг, а потоа ќе било лесно.
„Ќе нафрлат пари, кражби, фалсификати и застрашувања за да го спасат евидентниот губитник Тодоровиќ, против кого се изјаснија граѓаните на Центар. Има ли спас од тоталитаризмот и самоволието на ДПМНЕ“, прашува Ружин.
Целата колумна можете да ја прочитате ОВДЕ!