Тодоров со проблеми на плејмејкерската позиција

Од:

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров, на еден ден пред натпреварот со Естонија од евро-квалификациите, се соочува со проблеми со повредени играчи.

– Задоволен сум што сме комплетирани веќе одамна така што успеавме да ги поставиме работите како што треба, да го организираме тоа што сакаме да биде наш стил на игра. Од тој аспект сум задоволен. Ме загрижуваат повредите на плејмејкерите Магдевски и Димитријевиќ, како и проблемите со некаква вироза која оддалечи некои кошаркари од тренажен процес. По вечерашниот тренинг ќе знам со кои 12 ќе истрчаме на теренот, изјави Тодоров на денешната прес-конференција.

Центарот Бојан Крстевски најави голема борбеност за остварување на победа на стартот на квалификацискиот циклус за ЕП 2021.

– Наше е да се бориме на сите натпревари и да го оствариме тоа за кое ќе се договориме однапред. Максимално борбена игра за да го постигнеме посакуваниот резултат, истакна Крстевски.

Средбата ќе се одигра утревечер од 20:15 часот во СЦ „Борис Трајковски.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он