Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии помеѓу Србија и Косово

Од:

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер не ја исклучи можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово.

– На страните им останува да ги утврдат параметрите на дијалогот, истакна Палмер во интервју за порталот „ЕУобсервер“ во Брисел, запрашан за планот за размена на територии, пренесе српската новинска агенција БЕТА.

Тој посочи дека ги поддржува „страните да најдат начин да се вратат на преговарачката маса, да ги стават сите важни прашања на масата за преговарање и да најдат начин за нормализирање на односите“.

– Идеално би било со взаемно признание. Ние би сакале да го видиме взаемното признавање на Србија и Косово како резултат на тој процес, посочи Палмер.

Тој не одговори на дополнителни прашања за тоа дали ставот на САД е во спротивност со позицијата на Германија дека договорот меѓу Србија и Косово за размена на територии може да го дестабилизира регионот.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија