Пациент во универзитетската болница „Кингс“ во Лондон свиреше виолина додека хирурзите ја оперираа од тумор на мозокот.
Тимот од доктори побара од пациентката да свири на својот инструмент за време на операцијата за да бидат сигурни дека деловите од мозокот за кординација како и движење на рацете на мозокот функционираат.
Туморот уште во 2013 година бил лоциран во десниот дел на мозокот кој го контролира движењето на левата рака.
По добиената информација, виолинистката Дагмар Трнер стравувала дека ќе ја изгуби способноста да свири на својот инструмент.
Таа пред да се разбуди и било направено краниотомија со што и бил отворен черепот да се видат функциите на мозокот.
„Трнер свиреше виолина додека туморот и беше отстранет, таа беше под надзор на терапевт и анестезиолог“ рече професорот Ашкан.
„Успеавме да отстраниме преку 90 отсто од туморот, вклучувајќи ги сите области за кои се сомневавме дека се агресивни, задржувајќи ги сите мозочни функции“, додаде професорот.