Комплексна реконструкција на подлактица направена на Клиниката за ортопедски болести

Од:

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ минатата недела е изведен комплициран оперативен зафат – реконструкција на горен екстермитет на 44-годишен маж кој бил повреден со огнено оружје. Како што соопшти Клиниката, направена е трансплантација на подлактица со коскено ткиво од донор.

-Се работи за склопетарна повреда настаната како последица на истрел од огнено оружје во март 2023 година. Притоа е оштетена една од коските на подлактицата со голем дефект од осум сантиметри. За премостување на дефектот, користена е фибула од починат донор и е фиксирана со плочки и шрафови, објаснува д-р Александар Трајановски, директор на Клиниката за ТОРИЛУЦ и еден од хирурзите кој, заедно со д-р Александар Савески, учествуваше во транспланатацијата.

Клиниката соопшти дека пациентот по операцијата се чувствува добро и го очекува период на рехабилитација и целосно враќање на функцијата на раката.

-Ова е трета транспланатција на коскено ткиво од починат донор годинава и 22-ра во последниве три години откако на Клиниката за ортопедија почна да се работи експлантација и трансплнтација на коскени ткива од починат донор, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

По тешката операција, принцезата од Велс замина на одмор за закрепнување

А1он

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

Орце Костов

Заврши операцијата на пријателот на Штекли: Засега е стабилен, но е ставен на машина за дишење

Александар Тодески

Раде Штекли е еден од повредените, другото лице со прострелна рана во стомакот однесено на операција

Александар Тодески

Холанѓани ја купуваат клиниката, Жан Митрев останува менаџер

Орце Костов