СДСМ: ТВ соочувања имало и ќе има, извршителот Мицкоски допрва ќе се поти пред камерите

Од:

„ТВ соочувања имало и ќе има, извршителот Мицкоски допрва ќе се поти пред камерите, не може да го одбрани криминалот на неговиот шеф Груевски

ТВ соочувања со претседателот Зоран Заев имало и ќе има.

Извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски секогаш поразен завршувал.

Допрва извршителот Мицкоски ќе се поти пред камерите, пред граѓаните. Не успеа да го одбрани криминалот на неговиот шеф, Никола Груевски, не успеа неговиот обид да ја спречи правдата, не успеа да го попречи членството во НАТО и ЕУ.

Извршителот Мицкоски е очаен губник, покорен од сите негови порази“, се вели во реакцијата на СДСМ на изнесените ставови на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Од друга страна се сите успеси на државата благодарение на Зоран Заев и СДСМ во изминатите 2,5 години.

Од „заробена држава“ за само 2.5 години станавме светол пример во регионот, 30-та земја членка на НАТО, слобдна, демократска, економски напредна држава.

Економијата од -1.8 во времето на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ порасна и до +4%, платите се зголемија во сите сектори, минималната плата ја покачивме за 60%, пензиите за 700 денари, социјалната помош за 300%, отворивме 60 илјади нови работни места а невработеноста ја намаливме на историски најниски 17%.

Претседателот Заев и сите претставници на СДСМ во изминативе две и пол години покажаа дека се транспарентни, отчетни и подготвени за дебата како со политичките противници, така и со стручната јавност, новинарите.

Тоа беше незамисливо за време на 11 годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ во кој Мицкоски беше најнеуспешен директор на ЕСМ кој ја поскапе струјата за 100%.

Извршителот Мицкоски чекор назад, претседателот Зоран Заев три чекори напред!

Затоа Мицкоски нека се подготви за нов пораз, а најголемиот го следи на 12 април!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on