Подмладокот на Црвена ѕвезда, Вождовац и Графичар на подготовки во Охрид

Од:

Соработката на ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид со агенцијата „Спорт плус“ од Белград специјализирана за организација на спортски турнири и подготовки на спортски клубови резултираат со договори со повеќе познати фудбалски клубови од Србија.

Овој месец на подготовки во Охрид се младите фудбалери на Црвена ѕвезда, Вождовац и Графичар од генерациите 2004 и 2005 година, кои на капацитетите на Спортскиот центар ќе одржат и неколку подготвителни натпревари со соодветни клубови и фудбалски школи од земјата.

Спортско-рекреативниот центар „Билјанини Извори“ во континуитет е домаќин на фудбалски тимови кои тука доаѓаат на подготовки, најчесто клубови од Србија, Албанија, Бугарија и Косово. Тоа оди во прилог на заложбите да се искористат спортските и сместуваките капацитети за развој и зголемување на спортскиот туризам во Охрид, особено во месеците од годината кога нема многу гости.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска