Брисел ги поздрави одлуките на македонскиот Парламент, сега на ред е ЕУ

Од:

Претседателот на Европски совет Шарл Мишел вечерва организира неформална вечера за лидерите од Европската Унија и од Западен Балкан.

Според него состанокот е посветен на стратешката расправа за заедничките цели на ЕУ и на Западен Балкан.

Ќе разговараме за начините за продлабочување на партнерството на ЕУ и Западен Балкан.

Ќе ја потврдиме европската перспектива на регионот и ќе дадеме јасни насоки за неопходниот напредок во областите – владеење на правото, борба против корупцијата и организираниот криминал”, истакна Мишел.

На вечерата присуствуваат и претседателката на Европска Комисија, Урсула фон дер Лајен, високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија земја претседава со ЕУ.

“Законот е уште еден важен чекор за имплементација на реформите и покажува дека (Северна Македонија) има волја да направи се што е потребни за земјата да има европска перспектива”, посочи Борел.

“Од друга страна создаваме одлична перспектива за земјите од Западен Балкан со текот на времето земјите да станат членки на ЕУ.

Исто така сакаме да го отвориме патот за Северна Македонија и Албанија да започнат со преговори ако е можно и пред самитот на ЕУ во Загреб. За самиот Самит подготвуваме пакет за инвестирање и искрено се надевам дека СЕ ќе даде зелено светло”, посочи фон дер Лајен.

“Атмосферата е поинаква во однос на октомври минатата година и се движи кон донесување позитивни одлуки за отпочнување на преговори со Северна Македонија и со Албанија, што треба да биде направено пред мај.

Така атмосферата ќе биде попозитивна и земјите ќе добијат од Европската комисија пакет за инвестиции и нивно подобро позиционирање, што ќе придонесе за економскиот развој на земјите во регионот”, посочи Пленковиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ако вака продолжиме ЕУ ќе не врати повторно на ниво на скрининг

Гаши: Ниту едно билатерално прашање не смее да биде пречка за напредокот кон ЕУ

Горан Наумовски

Закани за осум земји од ЕУ поради ризик од прекршување на фискалните правила

Горан Наумовски

Санкциите против Русија остануваат на сила, објави Урсула фон дер Лајен

Калас: Европа бара разоружување на Русија

Европа не бара мир, туку пораз на Русија