Мишел: Ќе разговараме за продлабочување на партнерството помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Од:

Претседателот на Европски совет Шарл Мишел пред средбата со лидерите на Европска Унија и на Западен Балкан во Брисел изјави дека состанокот е посветен на стратешката расправа за заедничките цели на ЕУ и на Западен Балкан.

“Ќе разговараме за начините за продлабочување на партнерството на ЕУ и Западен Балкан.

Ќе ја потврдиме европската перспектива на регионот и ќе дадеме јасни насоки за неопходниот напредок во областите – владеење на правото, борба против корупцијата и организираниот криминал”, истакна Мишел.

Тој е домаќин на вечерата во Брисел на која присуствуваат и претседателката на Европска Комисија, Урсула фон дер Лајен, високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија земја претседава со ЕУ.

Пред почетокот на вечерата Фон дер Лајан истакна дека Западен Балкан е поблиску до Европска Унија и оти се надева дека Северна Македонија и Албанија можно е да почнат преговори пред Самитот на ЕУ во Загреб.

“Од друга страна создаваме одлична перспектива за земјите од Западен Балкан со текот на времето земјите да станат членки на ЕУ.

Исто така сакаме да го отвориме патот за Северна Македонија и Албанија да започнат со преговори ако е можно и пред самитот на ЕУ во Загреб.

За самиот Самит подготвуваме пакет за инвестирање и искрено се надевам дека СЕ ќе даде зелено светло”, посочи фон дер Лајен.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа