Рутинска победа на “Баерн Минхен” над “Келн” со 4:1 во 22 коло во германската “Бундеслига” за враќање на врвот на табелата што на 24 часа го држеше “Лајпциг” и продолжување на походот за одбрана на титулата.
За доминантноста на Баварците говори фактот дека по само 12 минути играа имаа убедливи 3:0.
Првиот гол го постигна Роберт Левандовски во третата минута, а само две минути подоцна во листата на стрелци за запипа и Кингсли Коман.
Серж Гнабри во 12-та минута и во 66-та минута ја комплетира 14. победа на “Баерн М.” во сезоната.