Екипата на Јувентус како гостин со 2:1 го победи Интер во дерби натпреварот од 30.коло на фудбалскиот шампионат на Италија.
Стрелци на головите за водечката екипа на табелата беа Фабио Кваљарела (3.минута) и Алесандро Матри (60), додека Родриго Паласио (54) го постигна голот за домашниот тим.
На останатите натпревари од оваа рунда во Серија А одиграни попладнево беа постигнати следниве резултати: Удинезе – Болоња 0:0, Парма – Пескара 3:0, Палермо – Рома 2:0, Лацио – Катанија 2:1, Џенова – Сиена 2:2, Каљари – Фиорентина 2:1 и Аталанта – Сампдорија 0:0.
Од 18 часот и 30 минути ќе започне натпреварот Киево – Милан, а колото ќе биде комплетирано со средбата Торино – Наполи која ќе се игра вечерва со почеток од 21 часот.
Табела по некомплетното 30.коло: Јувентус 68 бодови, Наполи 56, Милан 54, Фиорентина 51, Лацио 50, Интер 47, Рома 47,…