(ВИДЕО) Мицкоски: Ви ветувам дека по 12 април ќе има одговорност за Законот за ЈО

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда, туку комплетна анархија која го загрозила имиџот на државата“, а носењето на законот било спротивно на процедурите, имало сомневања за контрадикторост со Уставот, а немало ниту бадентерово мнозинство.

Иако веќе ги потпиша указите, Мицкоски го повика претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува законот, бидејќи доколку го потпише ќе биде соучесник во криминал.

Мицкоски рече и дека Законот за ЈО ќе биде оспорен пред надлежните институции.

„Веднаш после 12-ти април ќе следи и одговорност, тоа ви го ветувам“, вели Мицкоски.

Денешниот ден Мицкоски го опиша како ден во кој има „добра и лоша вест“.

„Лошата е дека беше донесен незаконски, противправен и криминален закон. Добрата вест е дека денеска завршува Зоран Заев и криминалната тригодишна епизода. Ова беа три години на неправда, брутален криминал и врзани очи на министрите и на владата, затоа што тоа се првите кои прават криминал. Ова е време на рекет, муилионски провизии, бизнисмени кои сведочат за рекет, кеш и уцени. Криминалците направија сојуз со власта. Ова е време кога на површина излегуваат сите лаги. Нема правда, нема ниту мир“, рече Мицкоски додавајќи дека „обвновата доаѓа, а ВМРО-ДПМНЕ оди кон извесна голема заедничка победа“.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица