Спасовски апелира до ВМРО-ДПМНЕ да даде предлог за нов министер за труд и социјална политика

Од:

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски пред распуштање на Собранието уште еднаш упати повик до ВМРО-ДПМНЕ да предложат ново име за министер за труд и социјална политика на местото од разрешената Рашела Мизрахи.

Упатувам јавен апел до ВМРО-ДПМНЕ да даде предлог за избор на министер за труд и социјална политика во техничката влада.

Го повикувам раководството на партијата да се издигне на нивото на моментот и да покаже одговорно однесување.

Да го стават интересот на државата и на граѓаните во прв план и со предлог за нов министер за труд и социјална политика да земат учество во организација и спроведување слободни, демократски и фер избори и со тоа да го дадат својот придонес за остварување на европската интеграција на Северна Македонија.

Во овој момент кога имаме позитивна најава дека ЕУ е подготвена да ги отвори вратите за почеток на преговорите, потребно е одговорно однесување и од ВМРО-ДПМНЕ, напиша на „Фејсбук“ Спасовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните