Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на иранскиот остров Кешм, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 47 километри.
Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.