ВИДЕО: Предлогот на Спасовски за разрешување на Мизрахи поддржан од СДСМ

Од:

„Техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, мора да биде разрешена поради своето неодговорно и несериозно однесување. Мизрахи, кадарот на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, свесно и намерно го крши Уставот и го погазува историскиот договор од Преспа, со што во ризик ги стави односите со соседите и процесот на евроинтеграциите“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Според неа, наместо да се стави во функција на обезбедување слободни и демократски избори, Мизрахи како министер во техничката Влада одлучи да спроведува наредби дадени од Мицкоски и Груевски.

„Мизрахи се осмели да злоупотреби државна институција во партиски цели, се осмели да го прекрши Уставот само за да ги исполни нарачките на Мицкоски и Груевски.

Штетите од овие анти-НАТО и анти-ЕУ дејствување на ВМРО-ДПМНЕ може да бидат огромни за граѓаните, за државата, за нашата евро-атлантска иднина.

Нема да дозволиме граѓаните и државата да бидат заложници на неодговорноста и да ја платат цената за овие штети што ги нанесува Мизрахи постапувајќи по насоките на Мицкоски и Груевски.

Загрозувањето на договорот од Преспа е на директна штета на НАТО и ЕУ-членството и тоа мора итно да биде спречено. Затоа, го поддржуваме предлогот на претседателот на преодната Влада, Оливер Спасовски, за разрешување на техничката министерка Рашела Мизрахи“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

А1он