“Фејсбук” суспендираше мрежа руски профили поврзани со военото разузнавање

Од:

“Фејсбук” денеска соопшти дека ја суспендирал “мрежата налози”, користени од руската воена разузнавачка служба.

“Фејсбук” тврди дека внатрешна истрага открила дека лицата кои стојат зад откриените лажни профили, навидум меѓусебно неповрзани и некоординирани, припаѓаат на руските воени разузнавачки структури.

Руското Министерство за одбрана засега не ја коментираше одлуката на “Фејсбук”.

Раководителот на секторот за кибер безбедност во “Фејсбук” Натаниел Глајчер изјави дека во најновата руска операција на “Фејсбук” и “Инстаграм” користени се повеќе од 100 лажни профили на лажни новинари во различни земји.

Од тие лажни налози контактирани се локални медиуми и политички личности со цел да се пласираат измислени детали или приказни за спорни политички прашања како наводна корупција, етнички тензии на Крим или за падот на малезискиот авион во Украина во 2014 година.

Глајчер вели дека “Фејсбук” одамна знаел за корисници кои преку контакт со вистински луѓе се обидувале да протурнат и наметнат „негативно влијание и да ги остварат своите намери“.

Компанијата „Графика“, која се занимава со истражување и анализа на социјалните медиуми, ги прегледала спорните налози пред да ги суспендира “Фејсбук” и соопшти дека биле најактивни во 2016 и 2017 година, иако некои профили биле активни и годинава.

“Фејсбук” соопшти дека суспендира уште две групи профили, од кои една поврзана со претходно идентификувана иранска мрежа која ги таргетира САД, а другата со една пи-ар агенција во Виетнам.

Би можело да ве интересира

Шокантно признание на Марк Цукерберг: Администрацијата на Бајден ми вршеше притисок да цензурирам содржини

Предраг Петровиќ

По 20 години постоење, Фејсбук има повеќе од три милијарди корисници

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Фејсбук го затвора делот за вести во Германија, Франција и Британија

Канаѓаните немаат пристап до Фејсбук и Инстаграм

Струмичанец објавил компромитирачка фотографија од поранешната вонбрачна сопруга