Вељаноски им го честита Велигден на католичките верници

Од:

Претедателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во лично и од име на пратениците упати честитка по повод католичкиот Велигден до Скопската бискупија и до бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов.

– Радоста на овој голем христијански празник е посебна. Прославувајќи го Христовото воскресение ги прославуваме духовните вредности на христијанството. Големите празници и пораките кои тие ни ги упатуваат треба да ни бидат патоказ во нашето секојдневие. Христовото воскресение и победата на животот над смртта треба да ни даваат сила да истраеме во нашите жртви кои од нас секојдневно се бараат да ги правиме, со цел да го искорениме злото и неправдата кои ги има насекаде околу нас. Наш заеднички стремеж е да се радуваме на животот, на љубовта, на трпението и милосрдието. Треба да сме посветени и да живееме во верата духовно исполнети. Смислата на нашето постоење е нашиот живот да биде исполнет со добри дела, стои во честитката на Вељаноски до католичките верници.

Во неа тој искажува увереност дека Католичката црква со својот авторитет и заложбите што ги прави дава голем придонес во заемното почитување, заедничкиот соживот, толеранција и разбирање меѓу луѓето.

– Со почитувањето на религиската и етничката различност ние ја зацвртстуваме просперитетната иднина на Република Македонија, додава Вељаноски.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска