Честитка од премиерот Груевски по повод католичкиот Велигден

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска упати честитка до сите верници од католичка вероисповед по повод големиот христијански празник денот на Христовото Воскресение – Велигден.

Денот на Христовото воскресение е најголемиот и најзначајниот ден во историјата на човештвото. Со Христовото воскресение луѓето ја добија и открија смислата на своето постоење и научија да се раководат во животот од вредностите, вербата, добрината, верувањето и љубовта. На Велигден, Бог ја покажа најголемата жртва и љубов кон човекот, која на сите подеднакво им се дарува, а таа љубов е наш патоказ во секојдневното живеење, да создаваме, да помагаме, да се молиме, да простуваме, да работиме за подобра иднина на секој човек, вели премиерот во честитката.

Токму затоа, како што додава премиерот, да му благодариме на Бога за добрините што ни ги прави, да го благословуваме неговото име и за него постојано да бидат отворени нашите срца.

Да веруваме во Бога дури и во миговите на најголемо искушение, никогаш да не се откажеме од нашите вредности кои нé водат напред во животот, бидејќи тие се нашата духовна и физичка сила која ни дава енергија за нови достигнувања. Во тој дух, со несебично залагање, посветено и одговорно, заеднички и сплотено да продолжиме да создаваме подобри услови за развој на нашето општество, за економски просперитет на земјата, за повисок стандард на нашите граѓани, за помош на ранливите, за развој на потенцијалот на секој поединец и овозможувањето успеси на секој граѓанин со цел изградба на напредна и модерна Република Македонија, вели премиерот Груевски во честитката посакувајќи им верниците од католичка вероисповед празникот да го минат во духовен мир, хармонија и многу љубов.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска