(ВИДЕО) Царовска: За квалитетно техничко образование на младите неопходно е вклучување на компаниите

Од:

Заменичката претседателка на Владата задолжена за економски прашања Царовска, денеска ја посети компанијата “ОДВ Електрик” во Охрид во којашто ученици од техничкото средно училиште “Св. Наум Охридски” посетуваат пракса како дел од дуалното образование.

Царовска посочи дека Владата и Министерството за образование и наука се посветени на креирање на соодветен систем на дуално и стручно образование, со коешто би се продуцирале квалитетни и добро обучени кадри, особено од техничките струки, за задоволување на понудата и побарувачката на пазарот на трудот.

“Овде денеска можевме да видиме како се тестира моделот за усогласување на побаруваните занимања и гледам дека покажува одлични резултати. Од вкупно 40.000 ученици во средно образование само 15.000 се во техничките училишта и сметам дека треба да работиме на зголемување на оваа бројка”, рече Царовска.

Вицепремиерката истакна дека за стимулирање на младите да се вработуваат во производство Владата го воведе младинскиот додаток. “Додатокот кој на месечно ниво изнесува 3.000 денари, може да го користат сите млади лица до 23 години вработени во производство”,истакна Царовска.

Директорот на “ОДВ Електрик” Огнен Цубалевски рече дека со практикување на дуалното образование се креира нива деловна клима и се помага во создавање на нови деловни навики.

“Секоја општествено одговорна компанија треба да инвестира во младите луѓе, и со тоа да влијае врз подобрување на демографските процеси”, рече Цубалески.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум