Интер по голем пресврт го совлада Милан во градското дерби

Од:

Екипата на Интер е нов лидер во Серија А, откако вечерва во градското дерби го победи Милан со 4:2. Домаќините до бодовите стигнаа по голем пресврт во второто полувреме, по негативата од 0:2 што ја имаа по првите 45 минути.

Головите за Интер ги постигнаа Марсело Брозовиќ, Матиас Весино, Стефан де Фрај и Ромелу Лукаку.

За Милан погодија Анте Ребиќ и Златан Ибрахимовиќ.

По 23 кола, Интер е прв на табелата со 54 бода, исто колку што има и второпласираниот Јувентус. Трет е Лацио со 53. Овие три екипи во последните 15 кола ќе водат голема борба за Скудетото.

Милан е 10-ти со 32 бода.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска