Низ Хонг Конг, граѓаните во паника купуваат се што останало на полиците во маркетите, од тоалетна хартија, ориз, до месо.
Граѓаните го прават тоа од страв дека напорите на градските власти да се борат со коронавирусот може да доведе до недостиг во снабдувањето со храна, и покрај тоа што надлежните убедуваат дека нема причина за загриженост.
Productos de primera necesidad como alimentos no perecederos y artículos de aseo se están agotando rápidamente en los supermercados de Hong Kong. https://t.co/S1VpJFk4rq #NexNoticias pic.twitter.com/Zx4syf4P8H
— Nex Noticias (@nexnoticias) February 7, 2020
“Сите грабаат што ќе стигнат. Не знам што се случува”, изјави 72 годишна жена, држејќи две ќеси тоалетна хартија.
Владата го осуди злонамерните гласини за недостаток на производи што доведоа до панични купувања во сите маркети, па дури и хаос. Маркетите во вакви услови поставија ограничувања за количеството кое може да се купи од некои производи. Но и покрај тоа, стотици купувачи ги нападнаа денеска супермаркетите купувајќи се што ќе дофатат.