САД ветија помош од 100 милиони долари за земјите зафатени од коронавирус

Од:

САД се подготвени да доделат 100 милиони долари помош на Кина и другите земји зафатени од коронавирусот, соопшти денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Оваа обврска, покрај стотиците милиони долари широкограда помош донирана од американскиот приватен сектор, го демонстрира силното лидерство на САД во одговор на епидемијата, истакнува Помпео во изјавата.

Додаде дека владиниот ангажман за ова ќе се реализира преку постоечките фондови „како диектно така и преку армиските организации“.

Претходно, и фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс се обврза да донира 100 милиони долари во исражувања за вакцина и лечење на коронавирусот.

Со оваа сума се намирува дел од 675 милиони долари што Светската здравствена организација ги бара од земјите за борба со болеста и спречување на нејзино ширење.

Според најновите информации од вирусот што се појави во Кина, сличен е на болеста САРС, досега починале најмалку 638 лица, додека повеќе од 31 илјада се заразени.

Најголeм дел од заразените се во Кина.

Коронавирус е од истото семејство на смртоносни вируси како САРС од кој во 2003 година беа заразени околу 8 илјади лица, а 774 починаа.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија