Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на “ИТФ фјучерс” турнирот во Трнава, Словачка, што се игра за награден фонд од 25.000 долари.
Најдобрата македонска тенисерка во чеврт-финалето ја елиминира Романката Александра Каданту, 59-та на “ВТА” ранг листата, со 6:3, 6:2.
Нејзина ривалка во мечот за финале ќе биде Русинката Влада Ковал.