Агенцијата за разузнавање денеска излезе со соопштение во кое изразување жалење за неконструктивниот пристап на опозицијата при донесувањето на новиот закон за Агенција за разузнавање.
-Поднесувањето на 1146 амандмани кои се однесуваат само на одложувањето на стапувањето во сила на законот, во распон од 2025 до 2027 г., се спротивни на Уставот на РСМ, каде што е регулиран начинот на донесување и објавување во службен весник на сите закони во државата, се вели во реакцијата.
Агенцијата нагласува дека „ваквото нелогично постапување од страна на опозицијата е со тенденција на заштита на личните и партиски интереси а не на интересите на државата и нејзините граѓани“.
-Потенцираме дека со овој закон се заокружуваат реформите во безбедносниот систем на Република Северна Македонија, чие изготвување е направено со претходна консултација од надлежните институции во државата, академската заедница, партнерските служби од земјите-членки на НАТО и ЕУ и специјализираните тела на Алијансата, се нагласува во соопштението.
Се изразува вњерување дека кај опозицијата ќе преовладее здравиот разум и свеста и конечно ќе ја презпознае важноста од донесувањето на законот за Агенцијата и ќе ги повлече амандманите.