Вештаци: Неосветлениот антенски столб, причина за хеликоптерската несреќа кај Струмица

Од:

Неосветлениот среднобранов антенски столб на ЈП „Македонска радидифузија“ е причината за урнувањето на полицискиот хеликоптер на 10 јули 2014 година кај Струмица, во кој загинаа четворица пилоти на МВР, сметаат вештаците Дарко Данев, професор на Машинскиот факултет во Скопје и Стојко Пејовски, пилот во АРМ.

Двајцата тоа го изјавија на денешното рочиште од судењето за хеликоптерската несреќа во Основниот суд во Струмица.

Професорот Данев смета дека техничката состојба на хеликоптерот не била причина за несреќата.

Со исклучок на снимачот на глас, кој не работел и кој не морал да функционира, останатите, сите, елементи се уредни. Дали столбот е причина за несреќата затоа што не бил осветлен-да, рече професорот Данев.

Вештакот-пилот во АРМ, Стојко Петковски, беше дециден дека неосветлениот антенски столб е причина за несреќата.

Главна причина за падот е неосветлениот антенски столб и тоа го тврдам со глава, рече Петковски.

Додаде дека од податоците од уредот „БУР“, кој ги бележи податоците за летот, не е забележано никакво отстапување во процедурите за летање.

Во овој случај се обвинети Јулијана Спировска, тогашна директорка на ЈП „Македонска радиодифузија“, Драгослав Радески, технички директор и правното лице ЈП „Македонска радиодифузија“, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност.

Во хеликоптерот произведен 2008 година на 10 јули 2014 година пилотите на МВР- Драган Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички биле на ноќен лет на релација Скопје-Велес-Неготино-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и назад и била користена опрема за ноќно летање.

Во моментот на урнувањето на хеликоптерот тип “МИ17”, со регистарски ознаки “МАР 7712”, удрил во антенски столб на „Македонската радиодифузија“, а четворицата пилоти починале веднаш.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење