(ВИДЕО) Трипуновски: Груевски е минато, имаме нов претседател кој е чесен и посветен

Од:

Заменик-министерот Цветан Трипуновски во интервју за „А1он“ објаснува дека не згрешил ниту, пак, некој од неговата партија го искарал по посетата на Берово кога јавноста протолкува дека тој се однесува како шериф. Трипуновски не сакаше да коментира за блискоста со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а за Груевски рече дека е минато.

„Мислам дека прашањето е несериозно и секој одговор би бил несериозен. Јас сум во раководството затоа што имам чесна намера да му помогнам на овој македонски народ. Нема село во кое не плачат. Експретседателот Никола Грувски е веќе минато, имаме нов претседател на партијата, кој е чесен, посветен и со искрена желба да му помогне на овој македонски народ. Воопшто не играло улога“, рече Трипуновски запрашан дали е избран да биде дел од техничката Влада поради блискоста со Груевски и Мицкоски.

Трипуновски се пожали дека нема комуникација со Димковски, а со тоа Министерството се води без координација. Тој е дециден дека земјоделците трпат најголеми штети поради, како што вели, штетните политики на Трајан Димковски и СДСМ.

„Не гледам простор за да ме критикуваат во партијата за посетата на Берово“, рече Трипуновски.

Тој прикажа документи со кои потврдува дека во Македонија има увоз на тутун наспроти тврдењата на министерот Трајан Димковски. Трипуновски приложи документи за увоз на над милион килограми ориентален тутун, а потенцира дека неговата партија има стратегија за забрана на увозот на тутун, која ќе биде во корист на домашните тутунопроизводители. За законите што се во собраниска процедура смета дека може да бидат донесени и по изборите.

„Нема законски измени на кои треба да се инсистира да бидат донесени пред изборите“, додаде Трипуновски.

Заменик-министерот во интервјуто рече дека тој потекнува од земјоделско семејство од село Петровец. Објасни и зошто во Конче не одговори на прашањето дали работел земјоделство во изминатите години.

„Не одговорив за да не се докажувам со човек, со емоции. Да појдеме на моите ниви, па да ви докажам“, рече Трипуновски.

За горливиот проблем за исплата на субвенциите на земјоделците, Трипуновски тврди дека не се исплатени 60 милиони евра од претходната година, а не како што рекол министерот Димковски дека долгот кон земјоделците е 20 милиони евра.

Трипуновски вели дека секое утро доаѓа на работа, ги завршува административните работи до крајот на работното време и потоа со своето приватно возило оди на терен и средби со земјоделците.

„За 30 дена, дали 4-5 пати сум го користел службеното возило доделено од Службата за општи и заеднички работи на Владата. Секаде патувам со моето приватно возило. Не го користам службеното бидејќи е 40-ина година старо и небезбедно, но и да е ново, нема да го користам во целост“, рече Трипуновски во интервјуто за „А1он“.

Заменик-министерот смета дека во период од 90 дена не може да се решат сите проблеми што ги имаат земјоделците и дека примарна цел е организација на фер и демократски избори. За изборите неколкупати повтори дека, според него, ВМРО-ДПМНЕ сигирно ќе победи.

„Знаете, ние сме политичка партија која ќе биде идна власт во Република Македонија. Како во минатото, и сега ќе креираме правилни мерки и програми“, потенцира Трипуновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ