Две лица кои работат за една хуманитарна организација се осудени на затворски казни во Иран за шпионажа за американската Централна разузнавачка агенција, објави денеска портпаролот на иранското судство.
– Двајца шпиони на ЦИА, кои работеа за една хуманитарна организација се идентификувани и осудени на 10 години затвор за шпионажа и пет години за постапување против националната безбедност, рече Голамхосеин Есмаили.
Тој додаде дека имињата на осудените ќе бидат дополнително објавени по изрекување на пресудата.