Хонг Конг ја регистрира првата жртва на заразата на своја територија, откако маж почина со новиот коронавирус, наведуваат британските медиуми.
Ова е вториот фатален случак надвор од границите на континентална Кина.
Мажот што починал имал и друго заболување, сооопшти локалниот ТВ канал TVB.
Во Хонг Конг досега има 15 потврдени случаи на коронавирус.
Починатиот маж се заразил во кинескиот град Вухан, каде бил во посета.
Неговата смрт доаѓа во момент кога стотици медицински работници од градот веќе втор ден штрајкуваат со барања властите во Хонг Конг целосно да го откажат пристапот на луѓето од континентална Кина.