Елиф Елмас го постигна првенец во Наполи во Серија А. Македонскиот репрезентативец го прослави на стадионот „Луиџи Ферарис“ во Џенова против Сампдорија во последниот меч од 22. коло.
Елмас е во стартниот состав на наполитанците во мечот што е во тек и во листата на стрелци се впиша во 16. минута по асистенција на Ди Лоренцо.
Долгоочекуваниот погодок го прослави со многу емоции кои не можеше да ги исконтролира, па се расплака во прегратките на соиграчите.