Заев по сведочењето за „Монструм“: Ова за мене беше траума, но давав исказ за да се дојде до вистината

Од:

Експремиерот Зоран Заев по сведочењето за случајот „Монструм” во Кривичниот суд изјави дека за него ова е траума, но два и пол часа давал исказ за да се дојде до вистината.

„ПИ-мерките беа јасни во тоа време за осомничените. Дел се од разговорите од неовластеното прислушкување. Истрагата може ќе покаже дека дел се виновни, дел не се виновни. Јас не оценувам кој е виновен кој не. Ако постојат докази за вина, тогаш треба да има вина. Ако нема вина, нема вина. Постои независно судство и така се носи сега правдата во правна држава”, рече Заев и додаде:

„Ние имаме недокрај потпишани договори со Косово и веројатно тоа се причините поради тоа зошто не се испорачани осомничените. Не може Косово тоа што според закон не може да се испорача”.

Заев сведочеше на денешното рочиште за „Монструм“ во Кривичниот суд, на барање на родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро во април 2012 година.

Тој рече дека сите материјали ги доставил до СЈО, а дека дел од аудио снимките им ги пуштил, но не им ги дал на родителите. Заев пред судот изјави дека нема сознанија за вмешаност на лица во случајот ниту од неговата партија СДСМ, ниту пак од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев