Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на покана на српската Влада, учествува на конференцијата „Дигитална соработка за трансформација на владите”, што се одржува во Белград.
Манчевски на конференцијата ќе ги претстави порталот за е-услуги и останатите проекти за дигитализација на нашата држава.
– Ова е уште еден чин на регионалната соработка на дигитализацијата, каде се поканети претстваници и на други балкански земји, но и луѓето одговорни за дигитализацијата на јавните услугите во Естонија. Ќе размениме искуства како можеме да ги подобриме уште повеќе дигиталните услуги за граѓаните во иднина. Север Македонија веќе стана регионаклен е-лидер во делот на електронските услуги, така што тука сме вброени меѓу земјите кои навистина имаат што да кажат. Продолжуваме и понатаму со развој на нови електронски услуги, нови сервиси достапни за граѓаните, но и следниот чекор оваа година за фирмите и бизнисите, изјави Манчевски пред почетокот на конференцијата.